(ВИДЕО) Драма во Кан: Пукање и закана за бомба

Од:

Невидена драма се одвиваше вчера на филмскиот фестивал во Кан. Имено, за време на телевизиското шоу „Le Grand Journal“ во кое гостуваше оскаровецот Кристоф Валц и францускиот актер Даниел Отели, непознат маж испукал два куршуми, а потоа се заканувал дека ќе активира бомба.

„Бев во студиото Kanal+, во близина на плажата, кога се појави човек со пиштол. Испука два пати, но на среќа тоа беа само ќорци.

– Потоа викна дека има бомба, но повторно на среќа, немаше. Полицијата брзо го уапси. Не го знам идентитетот, не знам од каде се создаде и кој беше неговиот проблем“, изјави Валц за Дејли Мејл и додаде дека во еден момент стравувал за својот живот.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата