Во сирискиот град Салкин, недалеку од Идлиб, спасено е мало девојче. 40 часа беше под урнатините, а го извлекоа припадниците на Белите шлемови.
Белите Шлемови објавија видео од извлекувањето на девојчето.
Во Сирија ситуацијата по земјотресот е исклучително тешка поради уништената инфраструктура и истрошениот дравствен систем погоден од долгогодишната војна.