ВИДЕО: Девојче падна во разбранувано море во Австралија, ја спаси татко и

Од:

Осумгодишно девојче од Австралија се бори за живот откако падна во разбранувано море, каде онесвестена и носена од брановите за малку ќе завршеше во карпите. Животот и го спасил татко и кој скокнал по неа. Потоа на помош му дошле неколку луѓе.

Таткото и случаен минувач ја држеле главата на онесвестеното девојче над водата, по што ја легнале на душек на надувување кој им го фрлил некој од брегот. На крајот, спасувачката служба пристигнала на џет ски, а девојчето го ставиле на даска и почнале со реанимација.

Конечно, таа била однесена на брегот, каде што ги чекал хеликоптер за да ја пренесе во детската болница во Јужен Бризбејн.

Таа е во критична состојба и се уште се бори за живот, пишуваат австралиските медиуми.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча