Турската полиција спаси 8-годишно девојче кое откако го преживеа разорниот земјотрес падна во замрзнатото езеро во Малатја додека се обидуваше да ја извади играчката што случајно ја испуштила.
Elinizi asla bırakmayacağız…
Oyuncağını almak isterken buz tutan gölete düşen 8 yaşındaki depremdeze çocuğumuzu, Dalgıç Polislerimiz kurtardı.Durmadan yorulmadan 🇹🇷#deprem#DalgıçPolis
📍Malatya pic.twitter.com/2Y5ReTbHfw
— Türk Polis Teşkilatı (@EmniyetGM) February 21, 2023
Откако полицајците ја однеле на безбедно, и дале сува облека донирана за жртвите од земјотресот и нова играчка наместо онаа што за малку ќе ја чинеше живот, пишува Ројтерс.
На видеото што го објави полицијата се гледа како полицаецот ја крева на замрзнатиот дел од езерото, од каде што ползела на безбедно.
Да потсетиме, повеќе од 47.000 луѓе загинаа во разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија.
Синоќа во областа беа регистрирани два нови земјотреси со јачина од 6,4 и 5,8 степени, при што животот го загубија најмалку 11 лица.