Десетгодишното девојче Рама Ал-Ахмед од болничкиот кревет во северозападна Сирија ја раскажа страшната приказна за тоа како била заробена 45 часа покрај нејзината мртва мајка под тежок бетон, некогаш дел од петкатницата каде што живееле.
Спасувачите ја извлекле Рама од урнатините заедно со нејзиниот шестгодишен брат Зајед и петгодишната сестра Шам.
„Последното нешто на што се сеќавам беше дека трчав по скалите држејќи ги рацете на сестра ми и брат ми, а потоа целата петкатна зграда се урна над нас“, рече таа.
„Бевме заглавени на едно место, а до нас беше нашата мајка која умре“, рече Рама во болница во северозападниот сириски град Идлиб, кој е под контрола на бунтовниците.
Another rescue … of a different child named Sham.
Our teams rescued Sham and her siblings, Zaid and Rama, from under the rubble of their house in the village of Meles, west of #Idlib. We had hoped that their mother would be with them, but death preceded us.#Syria #earthquake pic.twitter.com/Dufp7H1ZEM— The White Helmets (@SyriaCivilDef) February 9, 2023
Таа зборуваше со кревок глас и неколку пати се скрши за време на телефонскиот разговор. „Мајка ми умре, но јас и брат ми и сестра ми останавме заглавени. Врескавме и викавме, беше многу темно и страшно“, опиша таа со тивок глас.
„Беше и многу студено“, додаде таа, пренесува Индекс.хр.
Таа рече дека се молела да умре пред нејзиниот брат и сестра, бидејќи не сакала да ги гледа како умираат пред нејзините очи. „И тогаш водата дојде до нас и едвај можевме да дишеме“, додаде таа.
Водата доаѓала од резервоар во урнатата зграда, а врнело и дожд. „Ги туркав сестра ми и брат ми, но бевме половина во вода. Одеднаш, по многу часови, не знам колку, видов мала светлина што минува. Не можев да викам на глас бидејќи бев уморна“, таа рече.
Рама, нејзиниот брат и сестра беа спасени од Белите шлемови, сириска спасувачка група која со години оперира во земјата разурната од војна. Групата објави видео од спасувањето во четвртокот. „Можев да слушнам еден човек како ни кажува: „Тука сум. Доаѓаме да ве спасиме, не плашете се“, се сеќава Рама.
На видеото објавено од Белите шлемови се гледа како волонтер се бори низ урнатините и ги отстранува со рака за да стигне до заробените деца.