ВИДЕО: Десетици илјади лица синоќа повторно излегоа на протест во Сао Паоло

Од:

Десетици илјади Бразилци синоќа повторно излегоа на улиците на Сао Паоло на уште еден гласен протест против високите даноци и цени, нискиот квалитет на јавни услуги и корупцијата во владеењето, пренесоа американските медиуми.

Околу 50.000 лица во најголемиот град на Бразил се собраа на митинг пред градската катедрала.

И покрај доминантно мирниот карактер на протестот мали групи радикални елементи влегоа во судири со полицијата и упаднаа во продавници, какви што глетки впрочем имаше и во текот на претходните денови во демонстрациите во целата земја.

Масовните протести се проширија и опфатија многу градови во оваа латиноамериканска земја по демонстрациите од минатата недела во Сао Паоло, Рио де Жанеиро и на другите места против лошиот квалитет на јавниот транспорт и поскапувањето на билетите за патување за 10 отсто.

brasilprotest18juni1

Властите во најмалку четири града се согласија да ги вратат старите цени на билетите, но не е познато дали тоа ќе ги смири луѓето во земјата, затоа што протестите на Бразилците се и заради нивната тешка борба за преживување, посочуваат американските медиуми.

Освен своите жалби за цените на превозот со автобус и метрото, демонстрантите доставуваат и подолг список со конкретни барања. Тие на прво место го изразуваат својот гнев и незадоволство не само од владата, туку и од целиот систем за владеење.

brasilprotest18juni2

Честа парола, што тие ја скандираа на митинзите е : „Без партии“. Претседателката Дилма Русеф, која во минатото лежала во затвор како член на левичарска партизанска група, ги поздрави протестите кои, според неа, ги поставиле своите прашања и на тој начин се зацврстила бразилската демократија.

„Бразил денеска се буди посилен“, се наведува во нејзиното соопштение.

Засега Русеф не соопшшти какви мерки треба да преземе владата за да им одговори на барањата на луѓето, иако токму нејзината администрација е цел на јавното незадоволство, подвлекуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

Мистерија за убиениот Србин во Бразил: Член на Шкаљарскиот клан, кој беше убиен пред семејството

А1он

(ВИДЕО) Најмалку 25 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Бразил

Горан Наумовски