ВИДЕО: Циклонот „Фреди“ однесе над 200 животи

Од:

Циклонот „Фреди“ ги погоди Малави и Мозамбик, а најмалку 200 луѓе загинаа во поплави и лизгање на земјиштето.

Владата на Малави објави дека „Фреди“ ги одзел животите на најмалку 190 луѓе, додека 584 се повредени, а 37 лица се водат за исчезнати, додека Мозамбик објави дека 20 лица загинале, а 24 се повредени поради циклонот, пренесува Гардијан.

Спасувачите предупредија дека бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми.

Циклонот „Фреди“ ги погоди животите на речиси 59.000 луѓе во Малави, а 19.000 луѓе се раселени. Засолниште нашле во училиштата и црквите.

„Фреди“ неофицијално го собори рекордот на Светската метеоролошка организација (СМО) и стана најдолготрајниот циклон во историјата.

Досега рекордот го држеше циклонот Џон, снимен во 1994 година, кој траеше 31 ден.

Би можело да ве интересира

Австралија: Околу 64.000 луѓе останаа без струја поради циклонот Кирили

(ВИДЕО) Бројот на загинати од циклонот „Фреди“ се искачи на повеќе од 1.000 луѓе

(ВИДЕО) Силен тропски циклон на Мадагаскар однесе најмалку четири животи

Четири лица загинаа во Индија во невреме кое зад се себе остави пустош

ВИДЕО: Најмалку 25 загинати и десетмина исчезнати во тропски циклон што го погоди Виетнам

А1он

Метеоролозите останаа без имиња за бурите

Ана Ололовска