(ВИДЕО) Силен тропски циклон на Мадагаскар однесе најмалку четири животи

Од:

Четири лица загинаа, а повеќе од 16.000 се повредени кога циклонот Фреди го погоди Мадагаскар. Циклонот стигна на копно во вторникот вечерта, со ветрови од околу 130 километри на час.

Невремето дојде северно од Мананџари, крајбрежен град со 25.000 жители, сè уште опустошен од минатогодишниот циклон Батсирај, во кој загинаа повеќе од 130 луѓе низ целата земја.

Светската програма за храна на ОН (WFP) соопшти дека повеќе од 2,3 милиони луѓе на Мадагаскар би можеле да бидат погодени од Фреди, а циклонот потоа ќе помине низ Мозамбик и Зимбабве на африканското копно.

Властите соопштија дека островската држава, навикната на циклони и тропски бури, вовела мерки за намалување на загубите на животи.

Би можело да ве интересира

Австралија: Околу 64.000 луѓе останаа без струја поради циклонот Кирили

(ВИДЕО) Во стампедо на стадион на Мадагаскар: Најмалку 12 лица загинаа, меѓу кои и деца

(ВИДЕО) Бројот на загинати од циклонот „Фреди“ се искачи на повеќе од 1.000 луѓе

ВИДЕО: Циклонот „Фреди“ однесе над 200 животи

Четири лица загинаа во Индија во невреме кое зад се себе остави пустош

Единаесет жртви во Мадагаскар откако полицијата пукаше во демонстранти