ВИДЕО: Најмалку 25 загинати и десетмина исчезнати во тропски циклон што го погоди Виетнам

Од:

Најмалку 25 лица загинаа, а десетмина се водат како исчезнати во Виетнам откако тропски циклон ја погоди државата.

Циклонот „Молава“ е еден од најсилните во регионот во последните неколку децении.

Милиони луѓе останаа без електрична енергија, а 56 станбени згради беа оштетени, пренесе „Ројтерс“.

Стотици војници со тешка механизација трагаат по преживеани поради свлечиштата предизвикани од обилните дождови во провинцијата Кванг Нам.

Владата на Виетнам соопшти дека во моментов спасувачките активности се попречени од лошите временски услови.

Во државата паѓаат обилни дождови од почетокот на октомври, а фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат поплавени села, патишта, паднати дрвја и последици од свлечишта.

Тропскиот циклон претходно ги погоди Филипините, каде најмалку 16 лица го загубија животот.

Би можело да ве интересира

Австралија: Околу 64.000 луѓе останаа без струја поради циклонот Кирили

(ВИДЕО) Десетици жртви во пожар во зграда во Виетнам: дете фрлено од прозорец за да се спаси

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Бројот на загинати од циклонот „Фреди“ се искачи на повеќе од 1.000 луѓе

ВИДЕО: Циклонот „Фреди“ однесе над 200 животи

Виетнам има нов претседател

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Силен тропски циклон на Мадагаскар однесе најмалку четири животи