Метеоролозите останаа без имиња за бурите

Од:

Атлантскиот океан оваа година доживеа толку многу бури, така што снема имиња за други бури, објави Светската метеоролошка организација (СМО) вчера.

Како што појасни гласноговорничката на СМО, Клер Нулис, на првите 21 циклони од секоја сезона им се даваат западни имиња почнувајќи „од А, па сè до З“… Всушност, латиничните Q, U, X, Y и Z не се користат затоа што е тешко да се најдат познати имиња кои започнуваат со овие букви.

– Натаму во списокот, метеоролозите се свртуваат кон буквите од грчката алфабета… 2020 година е исклучителна година, имајќи го предвид големиот број урагани во Атлантикот, рече Нулис.

Суптропска бура што ја зафати Португалија за време на викендот беше именувана како Алфа. А пак, тропската бура Бета го погоди Тексас оваа недела и е проследена со силен дожд.

Би можело да ве интересира

Најмалку четири лица се удавија во морето поради ураганот Нелсон во Шпанија

Австралија: Околу 64.000 луѓе останаа без струја поради циклонот Кирили

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Најмалку 27 загинати во Мексико по ураганот Отис

(ВИДЕО) Ураганот Идалија ја опустоши Флорида, невреме како што не се памети во последните 100 години

Двајца мажи први жртви на ураганот Идалија