ВИДЕО: Циклон срамни остров во Јужен Пацифик

Од:

Островската држава Вануату во Јужен Пацифик ја зафати силен тропски циклон Пам, кој зад себе остави трага од целосно уништување, соопштија меѓународните агенции за хуманитарна помош.

УНИЦЕФ соопшти дека тоа би можело да биде една од најстрашните природни катастрофи во Тихиот океан со оглед на тоа што постои стравување дека на островот настрадале повеќе десетици луѓе.

Според се уште неофицијални податоци на ОН, само во една провинција во Вануату, загинале 44 лица, додека агенцијата „Зачувај ги децата” пренесе дека куќите во престолнината Порт Вили се срамнети со земја.

Циколот Пам е тропска бура од највисока петта категорија, бидејќи со себе донел силен дожд и ветер кој достигнувал брзина од дури 320 километри на час.

-Иако е се уште рано да се каже, прелиминарните извештаи укажуваат дека ова би можело да биде најголема временска напогода во историјата на Пацификот – изјави директорката на новозеландската филијала на УНИЦЕФ, Вивијен Мајдаборн. Според наводите циколот најпрвин го зафатил главниот остров Вануату, на кој живеат повеќе од 65.000 лица, како и архипелагот кој се наоѓа јужно од него.

Инаку обемот на штетата која што ја предизвикал циклонот не е познат, бидејќи комуникациите на Вануату со остатокот на светот се ограничени.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско