По подолго време отсуство од јавноста, поранешниот американски претседател џорџ Буш повторно шокираше со својот “танц“ за време на меморијалната служба во Далас за убиените полицајци на осми јули.
На службата присуствува и актуелниот претседател Барак Обама со сопругата, како и потпретседателот Џозеф Бајден.
“Раша Тудеј“ пишува дека Буш се обидел да ги поведе и другите во “нишањето“ и дека прва жртва му била Мишел Обама која се наоѓа до него за време на службата.
Екс претседателот е на удар на критиката и поради бојата на оделото кое го носи, бидејќи тој е единствен облечен во сино, додека сите останати се во црно.