(ВИДЕО) Бројот на загинати од циклонот „Фреди“ се искачи на повеќе од 1.000 луѓе

Од:

Бројот на загинати од циклонот Фреди се искачи на повеќе од 1.000 луѓе, изјави денеска претседателот на Малави, Лазарус Чаквера.

Претседателот не даде објаснување зошто бројот на загинати скокна толку многу од проценката на 20 март за повеќе од 500 луѓе, но стотици луѓе се уште се водат за исчезнати во Малави, објави Ројтерс.

Јужноафриканската нација беше погодена од една од најсмртоносните бури на континентот во последните две децении, што предизвика хаос не само во земјата, туку и во Мозамбик и Мадагаскар.

Циклонот Фреди се појави во тој регион на крајот на февруари, а се врати во март.

„Бурата погоди повеќе од два милиони луѓе и раселени околу половина милион, бидејќи однесе куќи, патишта и друга инфраструктура“, рече Чаквера.

Циклонот Фреди се разви крај брегот на Австралија и помина повеќе од 8.000 километри низ целиот јужен дел на Индискиот Океан, пред да стигне до Мадагаскар.

Би можело да ве интересира

Европа под вода, во Краков е најавена вонредна состојба

A1on

Дунав може да се излее во Виена, Австрија мобилизира војници, циклонот „Борис“ ја пустоши Европа

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Австралија: Околу 64.000 луѓе останаа без струја поради циклонот Кирили

ВИДЕО: Циклонот „Фреди“ однесе над 200 животи

(ВИДЕО) Силен тропски циклон на Мадагаскар однесе најмалку четири животи