ВИДЕО: Бразилската војска доби наредба да го гасне пожарот во Амазонија

Од:

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро ја упати војската во Амазонија за да помогне во гасењето на големите пожари кои ја зафатија најголемата дождовна шума на светот.

Тој вчера ја најави оваа можност.

Бразилските сили од сабота ќе се распоредат, како што беше соопштено, во пограничните подрачја, на староседелските територии и другите погодени области во Амазонија, пренесува АП.

Во меѓувреме и американскиот претседател Доналд Трамп во разговор со Болсонаро му понудил помош при гасењето на пожарот во амазонската прашума.

Детали од разговорот Трамп сподели преку Твитер.

Би можело да ве интересира

Возач изгубил контрола над автобусот во Бразил – десет мртви, меѓу кои и две деца

А1он

Бразилски пејач се удави додека снимаше спот

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он