Медицински лица од Ватикан денеска им ја дале вакцината против ковид-19 на 25 бездомни лица, сите над 60-годишна возраст, во салата „Павле Шести“ во Светата Столица.
Луѓето ги пополнувале документите додека чекале да дојде нивниот ред за вакцинирање.
Според прес-службата на Ватикан, бездомните лица кои денеска ја примиле вакцината, живеат во близина на плоштадот кај базиликата Свети Петар и редовно добиваат помош од властите во Ватикан.