ВИДЕО: Бајден уживаше на плажа пред европската турнеја и самитот на НАТО

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден беше фотографиран како ужива на сонцето на плажа во Делавер за време на викендот.

Ен-Би-Си Њуз пренесува дека Бајден патува за Европа, каде што неговата прва станица на петдневното патување ќе биде Лондон вечерва.

Шефот на Белата куќа утре таму ќе се сретне со британскиот крал Чарлс Трети, првпат по крунисувањето на новиот монарх на Обединетото Кралство.

Потоа, во вторник и среда, Бајден ќе присуствува на самитот на НАТО во главниот град на Литванија, Вилнус, за кој Ројтерс пренесува дека Алијансата се претворила во тврдина пред доаѓањето на лидерот на Северноатлантскиот договор.

Последната станица на европската турнеја на Бајден во четврток ќе биде Хелсинки, главниот град на Финска, најновата членка на НАТО.

Пред сето ова, Бајден реши малку да се опушти и беше виден како пристигнува во бела поло маица и шорцеви со сопругата Џил на плажата во близина на викендицата што ја поседува.

„Њујорк пост“ пишува дека Бајден таму читал книга, додека неговата сопруга уживала во погледот на морето.

Би можело да ве интересира

За Бајден случувањата во Газа не се геноцид

Бајден ја нарече скандалозна одлуката да се бара потерница за Нетанјаху и Галант

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Трамп повторно го исмејуваше Бајден, публиката се смееше

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Бајден го осуди атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо

Бајден го покани Трамп на ТВ-дуел: Разубави ми го денот пријателе, слушам дека си слободен во среда