(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Од:

Во Санкт Петербург автобус со луѓе падна од мостот Поцелујевски во реката Мојка, соопшти прес-службата на регионалниот штаб на руското Министерство за внатрешни работи.

„Денеска околу еден часот попладне во полиција е пријавено дека патнички автобус паднал од мостот во реката Мојка на улица Болшаја Морска. Во моментот на несреќата во возилото имало околу 20 лица“, се наведува во извештајот.

Судејќи според видеото што го обезбеди изворот на РИА Новости, возачот на автобусот изгубил контрола, удрил во неколку автомобили и паднал од мостот.

Би можело да ве интересира

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

АП: Русија подготвува нова офанзива

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија