ВИДЕО: Англичанец ја запали сосетката и нејзините две деца бидејќи му пречело ѓубрето

Од:

Мажот од Англија, кој уби мајка и нејзините две мали ќерки палејќи го нивниот стан, е прогласен за виновен за тројно убиство. На 20 ноември минатата година, Џејми Бароу намерно предизвика пожар во станот на Фатумат Хајдер во Клифтон, Нотингем.

Фатима (3) и Наима (1) починале веднаш во пожарот, додека нивната мајка починала во болница два дена подоцна поради вдишување чад. Бароу (31) веќе го призна убиството од небрежност, но поротата денеска едногласно го прогласи за виновен за намерно убиство и подметнување пожар, пишува Дејли Мејл.

Обвинителите за време на судењето тврдеа дека Бароу лежерно се оддалечил од зградата по избувнувањето на пожарот и дека знаел дека жртвите се дома бидејќи количката била надвор пред вратата, а светлото било запалено во ходникот. Рекоа и дека повеќепати се жалел за ѓубрето оставено пред станот.

Обвинетиот испил седум или осум лименки пиво пред да го запали пожарот и не направил ништо за да им помогне на Фатумата и нејзините ќерки, кои се живееле во станот на првиот кат, соопштија обвинителите. Бароу за време на судењето рече дека не може да објасни зошто решил да го запали станот на соседката, но дека мислел дека нема никој внатре.

Тој додаде дека не очекувал пожарот толку брзо да се прошири и дека веднаш и признал се на полицијата токму затоа што го гризела совеста. Нему ќе му биде изречена казна во петок.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во Саутемптон, клубот го одложи вечерашниот натпревар

Во Норфолк: Четиричлено семејство пронајдено мртво, таткото и мајката се прободени во вратот

Горан Наумовски

Обилниот снег на северот на Англија предизвика сообраќаен колапс и прекин на електричната енергија

Горан Наумовски

Во Манчестер: Полицијата и пожарникарите опколија авион поради закана за бомба

Горан Наумовски

Медицинската сестра која уби седум бебиња во Британија осудена на доживотен затвор

Горан Наумовски

Англиски насилник брутално претепа жена, косата на жртвата и беше црвена од крв