ВИДЕО: Амнести интернешнал го обвини Израел за геноцид врз Палестинците во Газа

Од:

Амнести интернешнал го обвини Израел за геноцид врз Палестинците во Појасот Газа во извештајот објавен денеска, во кој се вели дека израелската војска намерно извршила воени злосторства.

Организацијата за човекови права, во извештај од 300 страници, рече дека за време на израелската офанзива, армијата намерно им донела страдање и уништување на луѓето што живеат во Газа.

„Нашите наоди мора да послужат како повик за будење до меѓународната заедница: ова е геноцид. Мора веднаш да престане“, рече во изјавата генералниот секретар на Амнести Интернешнл Ањес Каламар.

Израел постојано ги отфрла ваквите обвинувања, нарекувајќи ги своите дејствија одбранбени и повикувајќи се на своето право на самоодбрана.

Повод за конфликтот во Газа беше масакрот од страна на палестинската исламистичка група Хамас и другите екстремисти на 7 октомври 2023 година, кога го нападнаа Израел, убивајќи околу 1.200 луѓе и зедоа околу 250 заложници.

Амнести сепак нагласи дека Израел има за цел да ги уништи Палестинците. Државите кои продолжуваат да му доставуваат оружје на Израел ризикуваат да станат соучесници, се предупредува во извештајот.

„Државите кои продолжуваат да му доставуваат оружје на Израел во овој момент мора да знаат дека ја прекршуваат својата обврска да го спречат геноцидот и дека се во опасност да станат соучесници во геноцидот“, предупреди Каламар.

„Сите земји со влијание врз Израел, особено клучните добавувачи на оружје како САД и Германија, но и другите земји-членки на ЕУ, Велика Британија и други, мора да дејствуваат веднаш за веднаш да ги прекинат злосторствата на Израел против Палестинците во Газа“.

Организацијата повикува на итен прекин на, како што вели, геноцидот, воспоставување прекин на огнот и ослободување на сите заложници.

Би можело да ве интересира

Израел и Хамас се обвинуваат за опструкции во преговорите за прекин на огнот

Израел потврди дека стои зад атентатот на лидерот на Хамас

Во последните 24 часа во Газа загинаа повеќе од 20 лица

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Најмалку 15 лица загинаа во израелски напади врз училишта во Газа

(ВИДЕО) Нетанјаху: Израел ќе остане на планината Хермон на сириската граница додека не се постигне друг договор