ВИДЕО: Американското разузнавање ја провери автентичноста на видеозаписот објавен од ИД

Од:

Белата куќа објави дека американското разузнавање работи на автентичноста на видео записот, објавен на Интернет денеска, во кој Исламска држава ја презема одговорноста за обезглавувањето на американскиот хуманитарен работник Питер Касиг.

Портпаролката на Советот за национална безбедност во кабинетот претседателот Барак Обама, Бернадет Мијхан рече дека во случај видео записот да е автентичен, Белата куќа „изразува ужаснување од бруталното убиство на невин Американец“.

Таа додаде дека Белата куќа изразува сочувство до семејството и пријателите на Касиг.

Видео записот се појави на Интернет неколку минути откако претседателот Барак Обама отпатува од Австралија за САД.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска