ВИДЕО: Американска војска создаде робот кој оди низ оган

Од:

Научници вработени во американската морнарица открија неколку детали за најновиот прототип на робот на кој што работат и за кој што велат дека еден ден ќе може да помогне во спречување на катастрофи, кои се случуваат на отворено море.

Автономниот робот на оган или САФФИР е развиен во Вирџинија, по двегодишна работа на експерти за роботика.

Роботот има две нозе, а е висок два метри. Тој може да се движи и во малите кабини, кои што вообичаено се наоѓаат на бродовите и подморниците.

За сега со САФФИР се управува преку конзола која ја контролира човек, но крајната цел е еден ден вештачката интелигенција да биде таа која што ќе управува со него.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени