74-годишна жена беше спасена жива од под урнатините денеска 227 часа по земјотреси што ја погодија Турција минатиот понеделник. Џемиле Кекец беше спасена во провинцијата Кахраманмарас, епицентарот на земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер од минатата недела.
A 74-year-old woman was rescued alive from under the rubble on Wednesday 227 hours after twin quakes hit Türkiye https://t.co/lesSZi9dSF pic.twitter.com/Li9jUdKW7c
— ANADOLU AGENCY (@anadoluagency) February 15, 2023
Кекец бил препратена во најблиската болница. Според последните официјални податоци, во земјотресите во Турција загинаа најмалку 35.418 луѓе, а повредени се 105.505 други.