ВИДЕО: 20 цивили се евакуирани од челичарницата Азовстал во Мариупол

Од:

Украинските борци опколени од руските сили во фабриката за челик Азовстал во Мариупол потврдија дека група цивили успеале да ја напуштат локацијата.

Заменик-командантот на украинскиот баталјон Азов, Свјатослав Паламар, рече дека групата од 20 луѓе вклучувајќи жени и деца – била префрлена на „соодветна локација“.

Претходно руските државни медиуми соопштија дека се евакуирани 25 лица. ЗасегаnНе е јасно каде се однесени луѓето, но според Паламар треба да бидат префрлени во Запорожје.

Москва беше под силен меѓународен притисок да им дозволи на цивилите да си заминат.

Се смета дека стотици се засолнети во фабриката – последното место кое го контролираат украинските војници во Мариупол. Москва побара тие да се предадат. Украинската војска соопшти дека руските воздушни напади продолжиле.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков