ВИДЕО: 15-годишен херој спасил над 100 луѓе од терористите во нападот во Москва

Од:

15-годишниот Ислам Халилов спасил повеќе од 100 луѓе за време на масакрот во Москва, така што ги упатил да бегаат преку еден излез за да ги избегнат терористите.

– Дури кога видов луѓе како бегаат од ескалаторот сфатив дека нешто се случува. Тогаш сфатив дека се работи за терористички напад. Извикав: „Пукање, луѓе, сите, трчајте кон скалите“ – раскажа момчето за рускaта телевизија Раша тудеј (РТ).

Тој објаснува дека никого не оставил зад себе, сите ги одвел до излезот.

Тој видел само еден од напаѓачите и го опишал дека имал брада, бил камуфлиран во зелена облека и носел пушка во раката.

Момчето вели дека во критичните моменти му верувал на својот инстинкт и сакал да постапи исправно.

„Подобро да го жртвувам својот живот отколку да загинат сто луѓе“, објаснува Ислам на прашањето дека можел да загине затоа што останал последен.

Во петокот на 22 март во руската престолнина беше извршен страшен терористички напад во кој загинаа најмалку 137 луѓе, а повеќе од 100 беа ранети. Убиени се и три деца. Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација Исламска држава (ИСИС).

Би можело да ве интересира

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

ВИДЕО: Пожар во породилиште во Москва, на 200 луѓе се евакуирани

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Русија убива деца со балистика, ѓубрињата во Москва сакаат да ја продолжат војната

Захарова: Одлуката на Германија е очигледна навреда

Москва: Киев не може да се согласи со обврските за решавање на конфликтот во Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин