Вежби на армиите на САД, Индонезија, Австралија, Јапонија и на Сингапур на островот Суматра

Од:

Војници од САД, Индонезија, Австралија, Јапонија и Сингапур денеска изведуваат редовна заедничка воена вежба со боева муниција на индонезискиот остров Суматра.

На маневрите учествуваат повеќе од пет илјади војници, што ги прави најмасовни од 2009 година кога беа одржани за првпат.

Во врска зголеменото учество на војниците се огласи Кина, соопштувајќи дека САД создаваат Индо-пацифичка алијанса слична на НАТО за да го ограничат кинеското воено и дипломатско влијание во регионот.

На вежбата како набљудувачи присуствуваат и армиски претставници одВелика Британија, Канада, Франција, Индија, Малезија, Јужна Кореја, Нов Зеланд, Папуа Нова Гвинеја и Источен Тимор.

Командантот на американските сили за Индо-тихооеканскиот регион, адмирал Џон Аквилино, рече дека 14-те земји што учествуваат во вежбата покажуваат силна врска во време кога Кина го зазема речиси целото Јужно Кинеско Море и одржува воени вежби во близина на Тајван.

„Кинеските дестабилизирачки дејства и нејзините закани против Тајван се токму она што се обидуваме да го избегнеме“, рече Аквилино на заедничката прес-конференција со началникот на Генералштабот на индонезиската армија, Андик Перкас.

Индонезија и Кина имаат добри односи, но Џакарта е загрижена за она што го гледа како навлегување во нејзината ексклузивна економска зона во Јужното Кинеско Море.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел