Вестервеле: Му посакувам успех на Јеремиќ

Од:

Министерот за надворешни работи на Германија, Гвидо Вестервеле му го честиташе, на Вук Јеремиќ, изборот за Нов претседавач на Генералното Собрание на ОН.

Министерот Јеремиќ доаѓа на оваа функција во момент кога Генералното Собрание ќе се занимава со важни глобални прашања од областа на мирот, безбедноста, развојот, заштита на околината, чевековите права“, се наведува во соопштението на Вестервеле.

„Му посакувам многу успех и среќна рака во неговата одговорна работа. Германија ќе му пружи целосна поддршка во исполнувањето на неговите задачи“, му порачал Вестервеле на Јеремиќ.

Министерството за надворешни работи на Литванија, оценило дека победата на шефот на српската дипломатија против литванскиот кандидат, амбасадорот во ОН, Далијус Чекуолис е резултат на кампањата на Јеремиќ, но и поддршката од Русија.

Поразот на претставникот на Литванија „за кого ОН има позитивна оценка“ во гласањето за претседавач на Генералното Собрание на ОН, може првенствено да и се припише на кампањата на српскиот кандидат „со полна поддршка на Русија кон претставникот на Србија и отворено непријателство кон литванскиот претставник“, се наведува во соопшетнието објавено на веб-сајтот на министерството.

Шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ ќе претседава во наредната година со Генералното Собрание на ОН. Од 193 земји-членики на ОН, за Јеремиќ гласале 99, додека неговиот противкандидат, литванскиот амбасадор Чекуолис, беше поддржан од 85 земји.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство