Венецуела ќе се жали во ОН поради саботажа на електромрежата

Од:

Венецуела ќе поднесе жалба до високата комесарка на ОН за човекови права Мишел Бачелет, поради „саботажа“ на електромрежата, за која властите на земјата го обвинуваат „американскиот империјализам“.

Поголемиот дел на Венецуела во четвртокот остана без струја речиси 24 часа, а државното електростопанство соопшти дека причина за тоа била „саботажа“ во хидроелектраната „Симон Боливар“, која е најголема во земјата.

– Ќе поднесеме жалба за да се обезбеди почитување на човековите права во нашата земја, изјави министерот за комуникации и култура Хорхе Родригес и додаде дека таа саботажа, која требало да ја остави Венецуела без струја неколку дена, била „најбрутален чин на агресија во изминатите 200 години“.

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро го обвини „американскиот империјализам“ за оваа саботажа, а Стејт департментот негираше каква било вмешаност.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски