Венецуела го суспендира каналот за комуникации со Вашингтон

Од:

Венецуела го суспендира каналот за комуникации со Вашингтон, поради коментарот на високо официјално лице на Стејт департментот за претседателските избори на 14 април по смртта на Уго Чавез, соопшти министерот за надворешни работи Елијас Хауа.

Помошникот на американскиот државен секретар за работата на Западната хемисфера Роберт Џејкобсон минатата недела изјави дека Венецуела заслужува фер и слободни избори, вклучувајќи ја и слободата на медиумите која во последните неколку години како да изумра.

-Со најновите коментари на Џејкобсон заклучивме дека нема потреба да го губиме времето. Секој контакт со Вашингтон е одложен, изјави министерот Хауа и додаде дека во тек се рутински дипломатски контакти-, пренесе агенција „Ројтерс“.

Венецуелските власти протераа двајца американски воени аташеа, поради наводен разговор со припадници на венецуелските вооружени сили, за да Вашингтон им одговори со враќање, на венецуелските дипломати во Каракас.

Овие две држави немаат дипломатски односи на ниво на амбасадори уште од 2010 година.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас