Велс бара спроведување на „радикални реформи“ за да опстане Велика Британија

Од:

Првиот министер на Велс, Карвин Џонс изјави дека постоечкиот систем на поделба на власта и управувањето во Велика Британија, налага „радикални промени“ за да може државата да ги преживее „новите тензии“ предизвикани по изгласувањето на Брегзит.

Џонс се наоѓа во САД, каде престојува за промоција на велшкиот бизнис.

Според британските медиуми, на излагањето во Чикаго, Џонс предупредил дека „ доколку не се направат неопходните реформи, тогаш ништо нема да биде невозможно, па дури и растурањето на Обединетото Кралство“.

Првиот министер ги повикал поборниците за напуштање на ЕУ кои сега се во Владата, да не заборават дека се должни да се обврзат оти на жителите на Велс  нема да им биде полошо финансиски,  надвор од ЕУ.

Џонс бара процесот на раздружување од ЕУ, да биде проследено со реформирањето во управувањето на Обединетото Кралство на еден подолг рок.

– Не може никако да има враќање на стариот уставен статус кво, со кој Британија беше една од најцентрализираните држави во развиениот свет, порача првиот министер на Велс од САД.

Во секој случај, Џонс вели дека е против дезинтегрирањето на државата, но ја предупредува владата во Лондон дека сите сценарија се можни, ако ништо не се направи.

Во почетокот на јуни годинава, тој предложи нов „федерален договор“ на земјите кои се дел од Велика Британија за да, како што рече, не се случи  Велс да биде „анектиран од Англија“.

Првиот министер Џонс бара од британската Влада , по Брегзит, земјата да остане на заедничкиот пазар на ЕУ, затоа што без тоа, според него, Британија ризикува непотребни економски проблеми.

Велшките конзервативци остро го критикуваат настапот на Карвин Џонс во САД, обвинувајќи го дека неговите барања се „предавство на Велшаните“.

Мнозинството гласачи во Велс на референдумот беа за Брегзит, но посматрачите во Лондон изјавата на велшкиот прв министер ја изедначуваат со изјавите на шкотскиот прв министер Никола Старџен, по референдумот од 23 јуни.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Велс: Избодени со нож се неколку лица

Горан Наумовски

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он