Велика Британија вети 1.13 милијарди долари за „Зелениот’ фонд на ОН

Од:

Британската Влада вети 720 милиони британски фунти (1,13 милијарда долари) за фондот на ОН со кој ќе им се помага на сиромашните држави да се справат со климатските промени.

Со тоа, сумата ветени средства досега од 13 држави за „зелениот“ фонд е околу 9 милијарди долари.

Најмногу ветија САД – 3 милијарди долари и Јапонија со 1,5 милијарди долари. Германија и Франција ќе одделат по една милијарда долари.

Се уште не се објавени сумите на Италија, Канада и Австралија.

Во Берлин денеска заседаваат претставници од државите донатори. ОН има за цел да собере во фондот оваа година 10 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

(ВИДЕО) Шукова: Не може граѓаните да се гушат, нивното здравје да биде под ризик, а ДПМНЕ да спие како власт

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да мислеа повеќе на животната средина наместо да крадат кај ќе стигнат, ќе направеа нешто

Кузеска: Власта да не го игнорира загадувањето, да ги прифати и да ги реализира мерките на СДСМ