Кузеска: Власта да не го игнорира загадувањето, да ги прифати и да ги реализира мерките на СДСМ

Од:

Скопје, Тетово, Куманово, Битола и други македонски градови со денови се меѓу најзагадените во светот, граѓаните се гушат во нечист воздух. Граѓаните со најскапото нешто – нивното здравје ја плаќаат цената. Лекарите алармираат дека се полнат болничките ходиници и кревети. Еко-активистите и Светска банка алармираат дека годишно во државава поради аерозагадувањето животот го изгубиле над 3.000 жители, вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Таа побара власта да ги прифати мерките кои ги понуди СДСМ.

– Власта итно да донесе Програма за чист воздух во Министерството за животна средина. Програмата да опфати субвенции за домаќинствата за замена на нееколошките системи за затоплување, како и за градинките, училиштата и јавните објекти да преминат на чисти технологии. Да се интензивираат инспекциски контроли врз потенцијалните извори на штетни емисии: инсталации, сервиси, диви депонии и стрништа. Контролите врз индустријата мора да се засилат. Да се спроведат контроли на градилиштата и стопирање на градежни работи во градовите со зголемено загадување. Интензивни активности за поголема јавна чистота: миење на улиците, чистење на дивите депонии и собирање на отпадот. Засилена контрола на техничката исправност на возилата. Работодавачите да ги ослободат од обврски бремените жени, постари лица и хронично болни во деновите со екстремно загадување. Да се направи реорганизација на работното време за работници на отворено, со скратена работа од 11:00 до 17:00 часот. Да се воведе забрана за спортски и културни манифестации на отворено при високо ниво на загадување на воздухот, потсети Кузеска на мерките што го предлага СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Не може да има шест милијарди евра Буџет, а да нема пари за поголеми плати на работниците

Петрушевски: СДС останаа последното упориште на Артан Груби

Филипче од Прилеп: ДПМНЕ го понижи трудот на работниците

А1он

Битиќи: Јавниот долг веќе изнесува 70% од БДП!

А1он

Мицкоски се кити со туѓи перја – 90 отсто од пругата Куманово – Бељаковце беше завршена од СДСМ, велат од опозицијата

А1он

(ВИДЕО) Зеќири: СДСМ бара оставки од Таравари и Мемеди