Министерот за здравство на Велика Британија, Мет Хенкок предупреди денеска дека е прерано да се каже дали на 21 јуни како што беше најавено ќе бидат укинати рестриктивните мерки.
Ова откако најновите извештаи покажаа дека новиот индиски делта сој коронавирус е за 40 проценти позаразен од британскиот.
Институтот за јавно здравје на англија соопшти дека индискиот сој е доминантен во Велика Британија бидејчи борјот на инфицирани скокна од 5.472 на 12.431.
„И рековме на луѓето дека ќе дадеме доволно време за да се подготват за 21. јуни за кога е закажан следниот чекор во олабавувањето на рестрикциите, но мора да се увериме дека условите кои ги одредивме за да има олабавување се исполнети“ – вели Хенкок.
според него, надеж за можност за реализација на олабавувањето дава бројот на хоспитализирани кој е „рамен“ и покрај тоја што минатата недела беше зголемен бројот на новозаразени.