Џонсон ќе одговара на полициски прашања за забавите на Даунинг стрит за време на локдаунот

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон од Метрополитен полицијата во Лондон добил прашалник за истрагата за наводите за забави во неговите канцеларии во „Даунинг стрит 10“ со што се прекршувале правилата за локдаун.

„Даунинг стрит 10“ синоќа потврди дека премиерот ги добил правните прашања од полицајците на Метрополитен, и соопшти дека „ќе одговори на се што се бара“.

Овој потег значи дека Џонсон ќе мора да даде веродостојна причина зошто бил на настани одржани за време на ограничувањата на коронавирусот или ќе се соочи со парична казна.

Портпаролот на премиерот кажа дека „можеме да потврдиме дека премиерот го добил прашалникот од полицијата во Метрополитен. Тој ќе одговори како што се бара“.

Џонсон се најде под зголемени напади во последниве недели поради гневот на јавноста и пратениците предизвикан од извештаите дека биле организирани повеќе забави на „Даунинг стрит 10“ и тоа во време кога сите Британци беа повикани да избегнуваат социјален контакт со цел да се запре ширењето на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон доби осмо дете: На својот син му даде необично име

Борис Џонсон ќе пишува мемоари за периодот додека беше премиер на Велика Британија

А1он

Џонсон за еден говор во САД заработи повеќе од 300 илјади долари

Борис Џонсон го спореди Путин со Милошевиќ: Мистичниот сојуз меѓу Косово и Белград е сличен на Русија и Киев

А1он

Борис Џонсон се повлече од трката за премиер: „Сега не е време“

Горан Наумовски

Џонсон е подготвен да се кандидира за нов премиерски мандат

Горан Наумовски