Велика Британија се простува од 30 Британци убиени во Тунис

Од:

Цела Велика Британија застана денеска точно на пладне за да им одаде последна почит на убиените британски туристи, кои минатата недела беа брутално ликвидирани од локален муслимански исламист, кој пукаше врз недолжните луѓе додека се сончаа на плажата во тунискиот град Сус.

Една минути молк имаше во целата земја, а одавањето почит на жртвите го предводеа британската кралица Елизабета и премиерот Дејвид Камерон.

Кралицата и нејзиниот сопруг, принцот Филип кои се во посета на Шкотска, стоеја мирно во Стрејтклајд заедно со луѓето од придружбата и со оние кои дојдоа да ги поздрават. Камерон престојува во својата изборна единица во англиската област Оксфордшир и таму им одаде почит на убиените..

За една минута запреа и мечевите и случувањата на тенискиот турнир во Вимблдон, а денесла беше направен преседан, па продолжувањето на турнирот е поместено за половина час за да им се овозможи на гледачите да дојдат до терените, поради можното задоцнување предизвикано од одвањето почит на жртвите на овој најнов терористички напад во кој одново страдаат невини луѓе.

Минута молчење и одавање почит за сите убиени имаше и на плажата во Сус, каде странски туристи и домаќините положија цвеќе во чест на убиените.

Вкупно 38 лица беа убиени во брутанскиот маскар врз луѓето кои во Тунис беа дојдени на одмор. Од нив 30 беа Британци, сите туристи дојдени преку агенциите „Томсон„ и „Фрст Чоис“. Покрај британските туристи меѓу жртвите има и двајца Германци и по еден Белиец, Португалец и Русин.

Во Лондон, над Бакингемската Палата, службената резиденција на кралицата Елизабета, како и во Даунинг стрит 10, британското знаме денеска е поставено на половина копје.

Според соопштението на британскиот Форин Офис, сите 30 жртви се идентификувани и во тек е операцијата за нивно префрлање во Велика Британија.

Британските медиуми тврдат дека егзекуторот не бил сам и дека имало барем уште двајца кои му помагале во терористичкиот напад.

Во Лондон се одржа специјална вежба на специјалните сили, а весниците посочуваат дека Владата размислува за вклучување на специјланите британски воени сили САС во операција против џихадистите, додека премиерот Камерон во дебатата во Парламентот навести дека би можело авионите на британското Кралско воено воздухопловство (РАФ) да се вкчлучат во бомбаршките мисии против џихадистите на Исламска држава во Сирија.

Терористичкиот напад во Сус, како и денешното оддавање почит на убиените, доаѓа пред одбележувањето на десетгодишнината од терористичките напади во Лондон, кога четворица бомбаши-самоубијци, извршија напди врз три линии на лондонското метро и еден градски автобус, убивајќи 52 лица.

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он