Велика Британија повторно со над 10 илјади новозаразени со коронавирус

Од:

Велика Британија регистрира 10.321 лице заразени со коронавирус во последните 24 часа, со што бројот на заразени од почетокот на пандемијата се искачи на 4.620,968, соопшти британското Министерство за здравство.

Ова претставува најголемо зголемување од февруари, кога случаите нагло паднаа во услови на една од најуспешните кампањи за вакцинација во Европа.

Сепак, со ширењето на варијантата Делта, која првпат беше откриена во Индија, Велика Британија забележа значително зголемување на инфекциите.

Поради зголемениот број на новозаразени, Даунинг стрит одлучи да го одложи олеснувањето на рестриктивните мерки. Од истата причина голем број држави донесоа одлука да продолжат со ограничувањата за сите оние кои пристигнуваат од Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Два милиона Британци страдаат од долгорочен Ковид

Објавен извештајот за „партигејт“

Британија подготвува есенска кампања за зајакнување на имунитетот против Ковид-19

Борис Џонсон меѓу казнетите за забавите на Даунинг стрит за време на локдаунот

Џонсон ќе одговара на полициски прашања за забавите на Даунинг стрит за време на локдаунот

Катерина Ѓуровски

Две третини од заразените со омикрон во Британија веќе прележале коронавирус

Катерина Ѓуровски