Новата варијанта на коронавирус идентификувана во Велика Британија може побрзо да се шири и во моментов се испитува дали предизвикува поголема стапка на смртност, соопштија денеска британските власти.
– Како што беше објавено во понеделникот, Институтот за јавно здравје на Велика Британија идентификуваше нова варијанта на Ковид-19 преку проучување на геномот на вирусот и во моментов работи на детални студии за карактеристиките на новата варијанта, изјави денеска шефот на Државната здравствена служба Крис Вити.
Тој додаде дека врз основа на сите достапни податоци од досегашниот тек на испитување на вирусот, владината советодавна медицинска група (NERVTAG) верува дека новиот сој „може да се шири побрзо“.
Претходно беше потврдено дека во Велика Британија е идентификувана „нова варијанта“ на коронавирусот, за која се верува дека предизвикала побрзо ширење на инфекцијата на југоистокот на земјата.