Велика Британија ќе соработува и со новите власти во Египет

Од:

Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг изјави дека Велика Британија ќе продолжи да соработува и со новите власти во Египет, без оглед што Лондон не поддржува воен удар како начин за надминување на разликите во еден демократски систем.

Официјален Лондон побара воздржаност од сите страни во египетскиот политички живот, по смената на претседателот Мохамед Морси.

Морси синоќа беше соборен во бескрвен удар на египетската армија, по четиридневните жестоки протести на опозицијата и на секуларните и либералните организации во земјата, кои го обвинуваа за исламизација на Египет и за се посилната подвоеност на земјата.

Армијата интервенираше откако врвот на војската претходно им даде 48 часовен ултиматум на политичарите да најдат решение за длабоката криза во земјата.

Обединетите нации, САД и Европската унија изразуваат загриженост за развојот на настаните во Египет и бараат брза смена на воената власт со цивилна. Но, Кина денеска соопшти дека има целосен „респект за изборот што го направија египетските луѓе“.

Во меѓувреме, кралот на Саудиска Арабија Абдула му испрати честитка на новата власт и на привремениот претседател Али Мансур, доскорешен претседател на египетскиот Уставен суд.

Со поздрави и поддршка се огласија уште во текот на ноќта сите земји од Персискиот Залив, освен Катар.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

Египет бара формирање независна држава Палестина

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он