Велика Британија домаќин на Самитот на НАТО во 2014 година

Од:

Велика Британија ќе биде домаќин на следниот Самит на НАТО, што ќе се одржи во 2014 година, јави дописникот на МИА од Брисел.

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Рамсусен денеска соопшти дека земјите-партнери во Алијансата ја поздравиле и прифатиле понудата на Британците за организација на Самитот идната година.

Според Расмусен, настанот што ќе се одржи во Велика Британија ќе биде „заначаен во историјата на НАТО по успешните Самити во Чикаго (2012 година) и Лисабон (2010)“, што покажале дека „Алијансата е силна, флексибилна, модерна и подготвена организација за соочување со сите модерни закани”.

– Самитот ќе биде можност за одбележување на крајот на нашата мисија ИСАФ, што ќе се случи на крајот на следната година, како и за отворање ново поглавје во ангажманот на НАТО со Авганистан. Обединетото Кралство е членка на Алијансата од нејзиното основање и им благодарам на Владата и народот на Велика Британија за нивната цврста поддршка за НАТО и нашите вредности и принципи. Јас со нетрпение го очекувам успешниот Самит што ќе го имаме во 2014 година , истакна Расмусен.

Иако уште на Самитот во 2008 година беше оценето дека Македонија ги исполнува сите услови за членство во НАТО, сепак поради грчкото вето нашата земја доби услов дека „автоматски ќе стане членка на Алијансата откако ќе се реши спорот за името со Грција”.

Од тие причини, во однос на проширувањето на НАТО на следниот Самит се очекува да се разговара за можноста за прием на Црна Гора во оваа најголема политичко-безбедносна организација на светот.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата