Ватсап треба да и плати на Ирска 225 милиони евра за кршење на правилата за приватност

Од:

Ирскиот надзорник за приватност на податоци ја казни апликацијата Ватсап (WhatsApp) со сума од 225 милиони евра за кршење на европските правила за приватност.

Одлуката беше објавена во четвртокот по истрагата која траеше три години. Покрај казната, на Ватсап му е наложено и да ја подобри својата политика за заштита на податоците.

Ватсап ја оцени одлуката како „целосно несразмерна“ и најави жалба.

Според ирските супервизори, компанијата „сериозно“ ги прекршила прописите за транспарентност кои датираат од 2018 година.

Во пресудата на 226 страници, комесарката Хелен Дикон наведува дека компанијата им обезбедила на своите корисници само 41 процент од потребните информации, со што им е одземена контролата врз содржината што ја споделуваат.

Прекршувањата зафатија голем број луѓе, поради што Ватсап е должен да плати рекордна сума пари.

Би можело да ве интересира

Ирскиот премиер Мајкл Мартин поднесе оставка, на негово место доаѓа Лео Варадкар

Ана Ололовска

Ирска го казни Фејсбук со 265 милиони евра

Русија воведе санкции за 52 ирски функционери, вклучително и премиерот и министрите

Ана Ололовска

Се зголемува бројот на загинати по експлозијата на бензиска пумпа во Ирска

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Седум загинати во експлозија на бензинска пумпа во Ирска, преживеаните се бараат во урнатините

(ВИДЕО) Во експлозија на бензинска пумпа во Ирска, три лица загинаа, преживеаните се бараат во урнатините