Вашингтон верува дека Иран ќе го нападне Израел во наредните денови, потешко отколку во април

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден верува дека Иран ќе го нападне Израел во наредните денови како одмазда за убиството на лидерот на Хамас Исмаил Ханије во Техеран претходно оваа недела и дека нападот ќе биде посилен од оној во април, наведуваат медиумите во Израел, повикувајќи се на високи американски претставници.

Вашингтон е подготвен да му помогне на Израел да го запре потенцијалниот напад од Иран и групите што ги поддржува во регионот, вклучувајќи ги Хезболах во Либан и палестинскиот Хамас, пишува порталот Вала.

Официјални лица велат дека одговорот најверојатно ќе биде поголем од оној ноќта меѓу 13 и 14 април, бидејќи најверојатно ќе се вклучи и Хезболах.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии