Вашингтон се заканува со санкции за да го спречи гасовoдот „Северен поток 2“

Од:

Американската влада планира да воведе санкции за да спречи изградба на гасоводот „Северен поток 2“ кажа синоќа министерот за енергетика на САД, Рик Пери.

– САД јасно се изјаснија. Ние сметаме дека тој проект нема економска основа, изјави Пери.

Според него, Вашингтон пратил јасна порака до Европа треба да го диверсификува бројот на извори на енергенси, снабдувачи и маршрути.

– „Северен поток 2“ не е економски туку најмногу политички гасовод, и ние тоа не го поддржуваме, истакна министерот.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп настојува Германија, чии компании се дел од конзорциумот за изградба на гасоводот, да се откаже од проектот, потенцирајќи ја загриженоста за преголемата зависност на Европа од руски енергенси.

Претходно, „Волстрит журнал“ објави дека санкциите против овој заеднички проект на рускиот државен енергетски монопол „Газпром“ и повеќе европски компании, може да бидат воведени преку законот за Спротивставување на противниците на Америка преку санкции (КААТСА) и би опфатиле инвеститори на проектот и компании изведувачи кои работат на поставување на цевководот по дното на Баличкото Море.

2019-03-12 15:26:04, од Борис Камчев, САД

Би можело да ве интересира

Русија има цел список со услови за примирје

Косачев: Сите договори ќе бидат по наши услови

Русите зазедоа големи упоришта на вооружените сили на Украина

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму