„Вашингтон пост“: На самитот на Г-20 Трамп не успеа да ја отстрани загриженоста на лидерите за иднината

Од:

Самитот на групата Г-20 заврши синоќа по дводневните преговори, без да бидат решени главните разлики во централните прашања, како климатските промени и глобализацијата.

По разговорите на средбата, не успеаа да бидат отстранети стравувањата на лидерите за иднината на глобалните сојузи во ерата „Трамп“, коментира весникот „Вашингтон пост“.

Весникот забележува дека, најголеми несогласувања имало во однос на темата за климатските промени, за што 19-те учесници формирале „обединет фронт“ против американскиот претседател Доналд Трамп.

Дури и по прашањата за кои барем формално беше постигнат компромис, како трговијата, водечките лидери изразија скептицизам дека постигнатите договори ќе издржат, пишува американскиот весник.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека светските лидери постигнале едногласност во однос на тероризмот, но биле разделени по други важни теми, наведува весникот и потсетува на зборовите на Макрон дека „дури и во западниот свет има реални несогласувања и несигурности, какви што немаше до пред неколку години” .

„Вашингтон пост“ пишува дека германската канцеларка Ангела Меркел, која беше домаќин на самитот, навела дека постоеле области каде имало согласност, не не го прикрила разочарувањето од американската позиција по прашањето за климатските промени.

Анонимен извор на весникот истакнал дека, Европејците се доста загрижени од средбите со Трамп, и признале дека, според нив, можеби токму тоа била целта на Белата куќа.

Оценката на Белата куќа за резултатот од средбата е доста поразлична од онаа на Меркел и Макрон, забележува весникот.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ