„Вашингтон пост“: Девет од десет следени лица од НСА се обични корисници на Интернет

Од:

Истражување на голем број електронски комуникации следени од американската Агенција за национална безбедност (НСА), покажува дека бројот на обични корисници на Интернет, вклучително граѓани на САД, е многу поголем од бројот на легално поставените странци за следење, објави весникот „Вашингтон пост“.

Според весникот, девет од десет корисници, присутни во документите објавени од Едвард Сноуден, се луѓе што не биле цел на намерно следење, а се нашле во мрежата на НСА. Околку половина од фајловите во имиња, адреси и други детали се означени од НСА како податоци на граѓани на САД или лица со постојан престој во САД, наведува весникот.

Аналитичарите голем дел од фајловите ги оценуваат како безвредни, бидејќи содржат податоци како лични изјави на љубов, вонбрачни врски, политички и религиозни убедувња и финансиски проблеми, наведува весникот.

„Вашингтон пост“ наведува дека истражувањето е спроведено над 160 илјади и-меил и СМС пораки и 7.900 документи, собрани од над 11 илјади онлајни профили, во периодот 2009-2012 година.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас