Варадкар: Предлогот на Џонсон за Брегзит е далеку од реалноста

Од:

Предлогот на новиот британски премиер Борис Џонсон спогодбата за Брегзит со ЕУ да може да биде целосно редефинирана во текот на следните неколку месеци е далеку од реалноста, изјави претседателот на ирската Влада, Лео Варадкар.

-Тоа не е нешто што може да се случи во реалниот свет, рече ирскиот премиер, а пренесоа британските медиуми.

„Слушајќи го тоа што денеска го кажа, добив впечаток дека зборуваше не само за исклучување на „бекстопот“( договорениот заштитен механизам што ќе значи дека Северна Ирска останува во царинска унија со Велика Британија доколку не се пронајдат други решенија), туку за сосема друг договор-подобар договор за Британија. Тоа нема да се случи, рече Варадкар.

Според него, „секој предлог што предвидува дека сосема нов договор може да се склучи за само неколку недели или месеци, е сосема надвор од реалниот свет“.

Британската кралица Елизабета II вчера на формална свеченост во Бакингемската палата на Борис Џонсон му понудиа мандат да формира Влада, по што тој изјави дека Британија ќе излезе од ЕУ најдоцна до 31 откомври „ и дека во тоа нема ако или но“.

Би можело да ве интересира

Даблин: Неколку лица се избодени со нож, напаѓачот е уапсен

Горан Наумовски

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин