Ван дер Белен избран за нов претседател на Австрија

Од:

Независниот кандидат, поддржан од Партијата на зелените, Александер Ван дер Белен победи на вчерашниот втор круг од претседателските избори во Австрија, објавија австриските медиуми.

ДПА јави дека неговиот противкандидат, Норберт Хофер од екстремно десничарската Слободарска партија на Австрија (ФПО) го призна поразот и на Белен му ја честиташе победата преку Фејсбук.

Хофер воедно им се заблагодири на оние кои гласале за него, додавајќи дека „предизборната камапња била инвестиција за во иднина“.

Австриските медиуми јавија дека ова беа најнеизвесните претседателски избори во историјата на земјата, нагалсувајќи дека победникот е добиен дури откако се преброени и гласивите на оние кои гласале преку пошта.

Би можело да ве интересира

Малолетничка од Црна Гора сакала да изврши напад во Грац

Горан Наумовски

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски