Валс до Нетанјаху: Местото на француските Евреи е во Франција

Од:

По заложничката драма во продавницата за кошер храна во парискиот кварт Порт де Вансен во која беа убиени четири лица, францускиот премиер Мануел Валс му одговори на неговиот израелски колега Бенјамин Нетнајаху кој ги повика Французите се еврејско потекло да се преселат во „домот на Евреите – Израел“.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, францускиот премиер се појави ненајавен на комеморацијата во Порт де Вансан заедно со повеќе политички личности, претставници на религиозната заедница и здруженијата на граѓани.

Во таа прилика тој порача дела „Евреите од Франција веќе неколку години стравуваат“, додавајќи: „Ние исто така сите сме Шарли, полицајци, сите евреи од Франција“.

– Франција без француските Евреи, повеќе не е Франција, рече Валс.

Поздравен со аплаузи, Валс и оддаде почит на француската еврејска заедница „која е најбројна во Европа, најстара и која толку многу придонесе за Републиката“.

– Не треба да ни е страв, да бидеме новинари, да бидеме полицајци, да бидеме Евреи, да бидеме граѓани, нагласи тој.

Ваквиот став на Валс беше директен одговор на узраелскиот премиер Нетанјаху кој вчера ги повика повика Евреите од Фрамција да се преселат во Израел.

– На сите Евреи од Франција, на сите Евреи од Европа, им велам: Израел не е само местото кон кое вие се вртите за да се молите. Израел е вашиот дом, рече Нетанјаху, кој денеска ќе присуствува на „Републиканскиот марш“ во Парзи, придружуван од шефот на израелската дипломатија Авигдор Либерман.

Ова не е нова полемика меѓу Франција и Израел. Во 2012 година, само неколку месеци по убиствата што ги изврши џихадистот Мохамед Мера во Тулуз, израелскиот премиер исто така ги повика Евреите од Франција да заминат во Израел. Одговорот на францускиот претседател Франсоа Оланд беше ист како тој на Валс.

– Местото на Евреите од Франција е во Франција, рече Оланд, обврзувајќи се да го гони и искорени антисемитизмот.

Терористичкиот напад во продавницата на Порте де Вансен е дел од серијата напади врз еврејската заедница во Франција во последниве неколку години. Според службата за заштита на еврејската заедница, во првите седум месеци од 2014 било забележано зголемување на антисемитски акти во Франција за 91 отсто во споредба со истиот период во 2013 година.

Во јули беа одржани протести на кои се извикуваше „смрт за Евреите“ по израелската офанзифа која беше во тек во Газа.

Лани Франција беше прва земја по бројот на емигранти во Израел, со 6.600 доселеници, наспроти 3.400 во 2013 година. Од создавањето на Израел во 1948 година во оваа држава се исселиле 90.000 Евреи од Франција.

Емиграцијата на Евреите од Франција е приоритет за изрелските власти во услови климата на антисемитизмот кој се зголемува во Европа. Според израелските медиуми, Нетанјаху го задолжил министерскиот комитет да размислува за средства за охрабрување на имиграцијата на европски Евреи.

„Дијалогот“ меѓу Валс и Нетанјаху доаѓа и по влошувањето на односите меѓу двете земји, откако израелската Влада го повика на разговор францускиот амбасадор во Израел по усвојувањето на резолуцијата од Парламентот во Париз за забрзување на процесот за изнаоѓање решение за израелско-палестинскиот конфликт.

Би можело да ве интересира

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили

Голема потера во Франција по избегани криминалци

Во Франција: Убиени двајца затворски чувари, а тројца се ранети во заседа