Валс бара построга казна за напаѓачите врз полицијата

Од:

Францускиот премиер Мануел Валс денеска побара „строго казнување“ на напаѓачите на полицијата, еден ден откако демонстрантите запалија полициско возило во центарот на Париз.

– Казната мора да биде строга, истрагата само што почна и некои се уапсени, посочи Валс за телевизијата РТЛ.

Полицијата вчера ширум Франција одржа еден од ретките протести за да изрази незадоволство поради „омразата против полицајците“, но во исто време беа одржани и контрамитинзи.

Протестот на полицајците во Париз прерасна во насилство откако една помала група нападна полициско возило со метални шипки и потоа во него уфрли експлозивна направа.

За време на инцидентот во возилото имаше полицајци, од кои двајца успеаја да излезат. Уапсени се четворица осомничени додека петиот денеска е приведен.

Инцидентот почнал кога 300 луѓе и покрај забраната марширале низ улиците извикувајќи „цајкани, свињи, убици“, на што полицијата фрлила солзавец.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили