Валонија го блокира трговскиот договор меѓу ЕУ и Канада

Од:

Долго подготвуваниот трговски договор меѓу ЕУ и Канада (ЦЕТА) што треба да биде потпишан следната недела, е блокиран од белгиската област Валонија.

Властите на ова франкофонска област во Белгија ги обновија своите приговори за договорот, тврдејќи дека ЦЕТА е закана за валонските фармери.

Централната влада на Белгија претходно го одобри договорот, како што тоа го направија и сите 28 членки на ЕУ, заедно со Велика Британија.

Премиерот на локалната влада на Валонија, Пол Мање, меѓутоа, сега бара допполнителни разговори со канадската министерка за надворешна трговија Кристија Фриленд.

Валонците уверуваат дека договорот ЦЕТА не е само закана за фармерите, туку претставува опасност и за социјалниот стандард на луѓето.

Лидерите на ЕУ на денешниот самит ќе разговараат и за договорот со Канада, кој би требало да биде основа за идните договори на Унијата со други земји, а за денеска е најавена и средба на валонска делегација со канадската министерка.

Во Брисел сепак се стравува дека блокадата на Валонија најверојатно ќе оневозможи договорот ЦЕТА да биде потпишан на 27 октомври.

Европската комисија која ги водеше преговорите одбива да се преправа текстот што е усогласен уште во 2014 година.

Преговорите на Брисел и Отава започнаа во 2009 и завршија во август пред две години.

Со договорот, се отстрануваат 99 отсто од сегашните царински тарифи меѓу земјите на ЕУ и Канада.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он