Валери Триервелер откри дека Оланд ја следел и молел за прошка

Од:

Поранешната прва дама на Франција, Валери Триервелер одлучи со пишување мемоари, да му се одмазди за прељубата на својот поранешен сопруг Франсоа Оланд.

Таа во книгата насловена како „Благодарам за овој момент: Приказна за љубов, моќ и предавство“ отворено зборува за својот живот со претседателот, што најверојатно дополнително ќе продонесе за пад на популарноста на најнепопуларниот француски претседател во историјата.

Книгата е преполна со пикантерии, кои откриваат како поранешниот партнер неколку месеци по разводот секојдневно и испраќал поради, во кои ја изразувал својата љубов и молел за прошка.

Со недели ја поканувал на вечера, а во пораките пишувал колку му недостасува и ја нагласувал својата желба да му прости за прељубата.

Таа претпоставува дека Оланд ја искористил претседателската функција, така што ја следел на секој чекор. Во секој хотел каде и да била, ја чекале букети цвеќе и пораки во кои претседателот ја изразувал својата бескрајна љубов.

Триервелер која што по професија е новинарка, во својата книга ја опишува трансформацијата на Оланд по победата на претседателските изботи и тврди дека од ден на ден ја губел човечноста и станувал опседнат од моќта која власта му ја дала.

Таа пишува дека не била подготвена за живот на прва дама и светот на високата политика, во кој сите презирот го кријат со насмевка.

Признава и дека се уште понекогаш знаел да и искаже и љубов, а единствено што не можел да поднесе биле нејзините чевли со високи потпетици, бидејќи со нив била повисока од него а тоа многу му пречело.

Ја споменува и сцената која што Оланд и ја приредил откако прочитал позитивна статија за неја во Ле Монд. Подоцна сфатила дека тој Ле Монд го сфаќал за „свој весник“ кој морал да пишува само за него.

Ја обвинувал и за пад на популарноста и сметал дека нејзината негативна слика во француската јавност е главна причина за малата поддршка кај јавноста.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили