Валенса: Дозволив грешка, но не сум бил доушник на тајните служби

Од:

Поранешниот полски претседател и историски лидер на синдикатот „Солидарност”, Лех Валенса, кој повторно е обвинет дека во текот на 70-те години од минатиот век соработувал со комунистичките тајни служби, денеска призна дека дозволил грешка, но повторно негираше дека бил доушник на тајните служби, пренесе БТА.

„Во декември 1970 година не дозволив да бидам скршен, ниту сум соработувал со Службата за безбедност. Никогаш не сум земал пари, ниту сум изготвувал писмени и усни извештаи“, напиша Нобеловецот на својот блог.

„Дозволив грешка, но не таква за која се зборува. Имам дадено збор да не одавам тајни. А, сигурно, тоа нема да го сторам ни сега. Освен доколку други не го направат тоа. Човекот, кој е во основата (на скандалот), е уште жив. Тој треба да ја открие вистината и јас сметам на тоа“, напиша Валенса.

Сомневањата за активностите на лидерот на борбата против комунизмот се појавија вчера, откако во домот на поранешниот министер за внатрешни работи и шеф на тајната полиција, генерал Чеслав Кишчак, кој почина минатата година, беа пронајдени документи, за кои е кажано, дека се на поранешните тајни служби.

Според Лукаш Камински, директор на полскиот Институт за национален спомен, кој ги истражува нацистичките и комунистичките злосторства, „во личното досие (на Валенса) има коверт со на рака напишана согласност за соработка, за досието „Болек“, со потпис на Лех Валенса. Меѓу документите од тоа досие има и сметки напишани на рака за добиени пари“.

Валенса (72) своевремено призна дека кога бил работник и противник на режимот, после едно од неговите приведувања потпишал „документ“ во полицијата. Тој, меѓутоа, секогаш го нарекувал апсурдно секое обвинение за активна соработка со комунистичката полиција.

Од почетокот на 90-те години во Полска постојано се води спор меѓу приврзаниците и противниците на Валенса за тоа дали тој бил соработник на тајните служби или не. Меѓу неговите заколнати противници е и Јарослав Качински, лидерот на конзервативната партија „Право и правда“, која во моментов е повторно на власт.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад